Connect with us

Клоп му се извини на Нагелсман: Јас сум идиот!

Убедливата победа на Германија од 7-1 над Курасао на стартот од Светското првенство донесе многу причини за задоволство кај германските навивачи, но по натпреварот во центарот на вниманието неочекувано се најде Јирген Клоп.

Поранешниот тренер на Ливерпул, кој на Мундијалот работи како стручен аналитичар за германската телевизија, јавно му се извини на селекторот на Германија, Џулијан Нагелсман, за изјава која во изминатите денови предизвика бројни реакции во германската јавност.

Клоп призна дека несмасно се изразил кога зборувал за улогата на Нагелсман во националниот тим.

„Има уште нешто што сакам да го кажам. На некој начин и ние сме дел од оваа репрезентација и целосно стоиме зад вас. Најдов нов збор што најмногу ме нервира – ‘сè уште’. Кога го изговорив, веднаш посакав да се удрам по глава, но веќе беше предоцна бидејќи бев во програма во живо. Немаше никаква скриена порака. За два дена полнам 59 години и очигледно сè уште сум способен да кажам глупост. Ние сме сто проценти зад овој тим и ништо од тоа што го кажав немаше намера да му наштети на процесот“, изјави Клоп.

Ситуацијата беше прифатена со насмевка од страна на Нагелсман, кој не покажа никаква лутина. Двајцата разменија и неколку шеги во студиото, а целата приказна заврши во пријателска атмосфера.

Контроверзијата започна неколку дена претходно, кога Клоп зборуваше за Џамал Мусијала и потенцираше дека играчот треба внимателно да се менаџира за време на турнирот. На крајот од своето излагање тој рече: „За среќа, Џулијан Нагелсман сè уште го составува тимот…“, реченица која многумина ја протолкуваа како прикриена критика кон германскиот селектор.

Најгласен беше легендарниот германски капитен Лотар Матеус, кој оцени дека таквите коментари се несоодветни во пресрет на големо натпреварување и можат непотребно да создадат притисок врз селекторот.

Сепак, по јавната извинување на Клоп и одличниот старт на Германија на Мундијалот, темата изгледа е затворена. Германците ја отворија групата Е со убедлив триумф и веќе испратија јасна порака дека имаат високи амбиции на Светското првенство.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови