Connect with us

Клоп: Ќе направиме ротации во тимот за дуелот со Милан

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, најави дека ќе прави ротации во својот состав за вечерашното гостување кај Милан во натпреварот од последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Англискиот тим веќе го обезбеди првото место во групата, но натпреварот е важен за „росонерите“, кои мораат да победат за да имаат шанси да се надеваат на пласман во осминафиналето, доколку резултатот од натпреварот помеѓу Порто и Атлетико Мадрид биде во нивна корист.


Ливерпул ќе одигра пет натпревари во следните две недели, така што ротациите се задолжителни во овие околности, објасни Клоп.

„Јасно е дека мораме да правиме ротации и ќе ги направиме. Лекарскиот тим ќе ме „скрши“ ако повторно играм со истиот тим. Не можам да го откријам мојот стартен состав, но секако не можам да го сменам целиот тим. Сакаме да излеземе на теренот со најдобриот можен тим, со оглед на ситуацијата и фактот што имаме пет натпревари за 14 дена. Ќе видам дали ќе игра Мохамед Салах, но многу е веројатно дека Дивок Ориџи ќе започне“, откри Јирген Клоп.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови