Ливерпул се обидува да ја одбрани шампионската титула во Премиер – лигата, но тоа ќе биде ѓаволски тешка задача за Јирген Клоп и неговите избраници ако не биде засилена одбраната на тимот. По сериозната повреда на Вирџил ван Дајк, тимот остана и без Џо Гомез, а и Жоел Матип не е константен и често се повредува. Оттаму капитенот Џордан Хендерсон мора принудно да игра на стоперската позиција.
Но, јасно му е на менаџерот Јирген Клоп дека ќе мора да доведе барем еден одбранбен фудбалер во последните два дена од зимскиот преоден рок. Има неколку опции.
Невен Суботиќ е без ангажман, а тој соработуваше со Клоп долг период. Никола Максимовиќ е малку потешка варијанта за реализација, а медиумите на Островот најавуваат дека најблиску до „Енфилд“ е Бен Вајт од Брајтон. Тој има договор до 2024 година, но Ливерпул е подготвен да плати и одредена отштета за да го надополни ростерот со дефанзивец.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













