Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по триумфот на Ливерпул (1-3) над Бенфика во ЛШ, ги коментираше и гласините за интересот на „црвените“ за Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд. Норвешкиот напаѓач ова лето речиси сигурно ќе ја напушти Борусија, а како главни кандидати за негово доведување се споменуваат Реал Мадрид и Манчестер Сити.
Барселона наводно испаднала од трката, а Ливерпул се најавуваше како клуб кој би можел да се вмеша во борбата за одличниот стрелец. Но, Клоп тоа го негираше.
„Нема шанси. Нема да дадеме никаква понуда. Споменатите бројки се луди и не сакаме да имаме никаква врска со тоа. Таа приказна не е ни смешна. Искрено, не сакам да имам каква било врска со таа приказна“, изјави Клоп за „Билд“, а неговиот одговор веднаш стана вирален хит на социјалните мрежи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Гаљардо е нов селектор на Еквадор
Евро-фудбал
Стефано Пиоли ќе биде нов тренер на Трабзонспор?
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













