Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е следниот најголем фаворит за да добие отказ во Премиер – лигата, според обложувалниците на Островот. Спасот на германскиот стратег е во добар настап на Ливерпул во Лигата на шампионите. „Црвените“ вечерва го играат првиот меч од нокаут фазата против Лајпциг, и тоа на неутрален терен во Будимпешта.
„Дали ќе добијам отказ или самиот ќе си заминам? Мене не ми треба одмор. Фокусиран сум само на вечерашниот натпревар против Лајпциг. Енергијата на целиот тим е насочена кон дуелот во ЛШ и верувам дека ќе одговориме на најдобар начин. Овој Ливерпул нема заборавено да игра фудбал“, изјави Јирген Клоп.
Озан Кабак и Џордан Хендерсон повтроно ќе бидат изнудено решение во стоперската линија на Ливерпул. Затоа во нападот ќе стартува главното трио Салах – Мане – Фирмино.
Лајпциг нема толку големи проблеми, но Џулијан Нагелсман жали што нема да може да го има Емил Форбсерг во тимот. Ќе недостига и Конрад Лаимер во средниот ред.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













