Connect with us

Клисман Цаке од Шкендија направи трансфер во Ахмат Грозни

Еден од најдобрите играчи на Шкендија, Клисман Цаке, направи трансфер во Ахмат Грозни, потврди македонскиот прволигаш Рускиот клуб ја плати бараната отштета и албанскиот репрезентативец заминува од Тетово.

„ФК Шкендија и дефанзивецот Клисман Цаке ја завршија четиригодишната соработка, откако рускиот клуб Ахмат Грозни ја активираше клаузулата за заминување“, објави Шкендија.

Клисман Цаке се приклучи на Шкендија во јануари 2022 година и во текот на четири години и пет неполни сезони беше неразделен дел од „црвено-црните“ од Тетово наметнувајќи се како еден од најдобрите фудбалери. Во овој период, тој освои шампионска титула и забележа 133 официјални настапи (106 во првенство, 3 во Куп и 24 на европската сцена), постигнувајќи 12 голови.

„ФК Шкендија му се заблагодарува на Клисман Цаке за професионализмот, посветеноста и придонесот даден низ годините, и му посакува многу успех во продолжувањето на кариерата во Ахмат Грозни и понатаму“, истакнаа од Шкендија.

Неофицијално, Шкендија заработи 400.000 евра од трансферот на Цаке кој имаше договор на уште шест месеци со тетовскиот клуб, а фудбалерот ќе инкасира 1 милион евра за три сезони.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови