Тренерот на Интер, Кристијан Киву, останува цврсто со нозете на земја и покрај тоа што неговиот тим ја запиша осмата последовна победа во Серија А по триумфот од 2-0 над Џенова. „Нероаѕурите“ имаа потреба од позитивен резултат за да го надминат разочарувањето од изненадувачката елиминација во Лигата на шампиони од норвешкиот Бодо/Глимт.
„Ги прифаќам овие три бода со задоволство, бидејќи не беше лесно. Игравме против екипа во добра форма. Ова ни беше 16-ти натпревар во околу 50 дена, па едноставно моравме да продолжиме напред“, изјави Киву за „Скај Спорт Италија“.
Со овој успех Интер привремено ја зголеми предноста на врвот на табелата на 13 бода пред Милан. И покрај импресивната статистика – 14 победи во последните 15 првенствени средби, Киву е дециден дека борбата сè уште не е завршена.
Распоредот на миланскиот гигант останува згуснат. Во вторник тимот ќе се соочи со Комо во првиот полуфинален дуел од Купот на Италија, а следниот викенд следува големото градско дерби со Милан.
„Се подготвуваме за секој натпревар на најдобар можен начин, и психички и физички, пристапувајќи кон секоја средба исто, без оглед на името на противникот“, објасни Киву.
„Тоа е нешто што се обидуваме да го правиме од почетокот на сезоната. Остануваат уште 11 кола, во игра се 33 бода, така што Скудетото сè уште не е освоено. Имавме подеми и падови, но сакаме да надградиме сè добро што го направивме во изминатите два и пол месеци“, заврши тренерот на Интер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













