Кристиjан Киву зборуваше по поразот на Интер по изведувањето пенали против екипата на Болоња во полуфиналниот дуел од Купот на Италија. „Нерoаѕурите“ поведоа по само 72 секунди игра, но на крајот примија гол за израмнување и по 1-1 во регуларното време, беа поразени со 2-3 по изведувањето пенали.
Решавачкиот пенал на Имобиле го нокаутира Интер и ја однесе Болоња во финалето.
„Видов квалитет и интензитет – работи кои секогаш ги барам од моите играчи. Според мене, пеналите се лотарија. Им се восхитувам на храброста на оние што ќе кренат рака и ќе кажат дека ќе шутираат. Тоа е нешто што не можеш да го тренираш, бидејќи емоциите од реална натпреварувачка ситуација не можат да се пресоздадат“, изјави Киву по завршувањето на натпреварот.
На мечот имаше и спорен момент, кога за Интер беше досуден пенал, кој подоцна беше поништен по прегледот со ВАР. Одлуката беше дека Анже-Јоан Бони ја испружил ногата за да воспостави контакт со Торбјорн Хегем, а не обратно.
„Не зборувам за судиите или нивните одлуки. Тие располагаат со ВАР и можат да ги проценат сите снимки. Сакам да зборувам за мојот тим, за тоа што можеме да го подобриме и што треба да научиме, бидејќи тоа е работата на тренерот. Во добро или во лошо, продолжуваме напред со кренати глави. Треба да сфатиме дека секој може да прави грешки, така што немам замерки или поплаки кон никого. Продолжуваме понатаму“, додаде Киву.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Прва лига
Србинот Мирза Делимеѓац го засили Силекс
Евро-фудбал
Един Џеко потпиша за Шалке
Евро-фудбал
Лоренцо Инсиње би можел да се врати во Наполи?
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Прва лига
Србинот Мирза Делимеѓац го засили Силекс













