Тренерот на Интер, Кристијан Киву, го пофали карактерот на своите фудбалери по спектакуларната победа од 5-3 над Удинезе. „Нероаѕурите“ имаа негатива од 0-2, но повторно, како и против Наполи во претходното коло, успеаја да стигнат до трите бода.
„Во првите 25 минути игравме без потребната енергија, но потоа го покажавме она што најдобро го знаеме – да напаѓаме брзо и да постигнуваме голови. Удинезе максимално ги искористи нашите грешки на почетокот, но потоа реагиравме на вистински начин. Секако дека ќе анализирам зошто почнавме толку колебливо, но задоволен сум од реакцијата која ја покажавме потоа“, изјави Киву.
„Ако кажам дека не ме загрижува фактот што примаме многу голови, тогаш нема да бидам тренер. Таков е модерниот фудбал. Ми се допаѓа ваквиот стил на игра, иако тој носи и одредени ризици. Ми се допадна нашиот гол за 2-2, бидејќи успеавме брзо да ја вратиме топката и да организираме напад. Не сме совршени и знаеме дека има многу работи кои треба да ги подобриме“, објасни тренерот на „нероаѕурите“.
„Минатата сезона загубивме дома од Удинезе, а сега успеавме да го свртиме натпреварот во наша корист. Се обидуваме да внесуваме нови елементи во играта и оптимално да го ротираме составот. Сега Мхитарјан беше стартер, Бони постигна гол, а Станковиќ исто така доби минутажа. Факт е дека имаме широк состав и дури и мене ми е тешко да ги одредам почетните 11“, додаде Киву.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













