Тренерот на Интер, Кристијан Киву, откри дека необичните тактички потези во Дербито дела Мадонина биле резултат на епидемија на грип во екипата. Сепак, стратегот нагласи дека лошиот почеток против градскиот ривал Милан и поразот од 1-3 се должат на погрешниот пристап на неговиот тим. За поранешниот дефанзивец ова беше трет последователен пораз од „росонерите“ откако ја презеде тренерската функција.
„Боли кога ќе загубите дерби во кое очекувањата, и нашите и на сите останати, беа сосема поинакви. Знаеме што значи овој натпревар и што треба да браниме. Бевме принудени да импровизираме поради проблемите што се појавија во последните два дена. Се обидовме да сметаме на играчи кои беа подготвени да го дадат максимумот и покрај проблемите, но беше тешко“, изјави Киву по натпреварот.
„Нашиот пристап беше погрешен. Сепак, не беше сè загубено – намаливме на 1-2 и имавме чиста шанса за израмнување, но Мењан одлично интервенираше. Потоа буквално му подаривме трет гол на противникот пред паузата. Разочарани сме бидејќи моравме да покажеме многу повеќе. Ни недостигаше потребната решителност. Мораме брзо да го оставиме овој пораз зад нас, бидејќи за три дена нè очекува нов важен натпревар“, додаде тренерот.
Киву изненади со почетниот состав, определувајќи се за формација 3-4-2-1, со Петар Сучиќ и Анди Диуф во поофанзивни улоги зад единствениот напаѓач Маркус Турам. И покрај отсуството на повредениот капитен Лаутаро Мартинез, тренерот не ја менуваше поставеноста, а со замените чекаше до самата завршница.
„Бевме принудени да ги промениме плановите. Пио Еспозито не се чувствуваше добро, додека Бони имаше температура и повраќаше во текот на целата ноќ. Иван Проведел дури не можеше ниту да седне на клупата поради симптоми на грип. Верувавме дека со Диуф и офанзивни крилни играчи меѓу линиите ќе успееме да пронајдеме простор, но работите не се одвиваа според очекувањата“, објасни Киву.
„Му создадовме проблеми на Милан кога го подигнавме темпото, но самите сме виновни за бавниот почеток во одбраната. Мораме повторно да ја пронајдеме гладта за победи и агресивноста што ја имавме минатата сезона“, истакна Киву.
Ова е осми пат на последните 11 официјални натпревари Интер прв да прими гол. Поразот од Милан е прв за „нероаѕурите“ во Серија А оваа сезона, а тимот ризикува дополнително да заостане зад Лацио, кој вечерва го пречекува Калјари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













