Кристијан Киву призна дека слабата статистика на Интер во дерби натпреварите им тежела на „нероаѕурите“ пред вчерашната победа од 3-2 против Јувентус во 25. коло од Серија А. Сепак, и во овој дуел триумфот висеше на конец, бидејќи победничкиот гол беше постигнат непосредно пред крајот на мечот.
„Сакавме повеќе да се фокусираме на играта отколку на резултатите оваа сезона, но постојано ме потсетуваа дека Интер нема победено голем клуб во Серија А во последните две години, а момците го чувствуваа тој притисок. Со срце и карактер направивме доволно за да дојдеме до победата. Ќе ја паметам решителноста и желбата секогаш да му нанесеме штета на тим кој им создава проблеми на сите ривали откако Лучијано Спалети пристигна. Тие се импресивен тим, и колективно и индивидуално“, изјави Киву по последниот судиски свиреж.
Од таборот на Јувентус беа незадоволни од судењето, особено поради црвениот картон на Калулу, додека тренерот Лучијано Спалети одби да зборува пред медиумите. Киву, кој е познат по тоа што ретко ги коментира судиските одлуки, овојпат се осврна на конкретната ситуација без да претерува.
„Мислам дека има мало допирање, но сепак е допирање. Кога сум се соочувал со вакви ситуации во Лигата на шампионите, сум им велел на моите играчи да не се ставаат во позиција да го натераат судијата да донесе одлука“, истакна Киву.
Со тоа тој алудираше на лесно досудениот и решавачки пенал за Ливерпул во победата против неговиот тим во групната фаза од Лигата на шампионите оваа сезона.
„Дури и да е лесен контакт, а мора да признаеме дека е лесен, мојот играч го почувствувал и трчал со полна брзина. Калулу е искусен фудбалер и треба да знае дека во такви ситуации рацете треба да му бидат прибрани“, додаде Киву.
Во меѓувреме, стратегот на Интер направи клучна измена, заменувајќи го Бастони, кој веќе имаше жолт картон и ризикуваше исклучување поради симулација.
„Го повлеков Бастони затоа што се плашев од Консеисао, но кога видов дека и тој беше заменет, можеби ќе го оставев на теренот. Ако имам жолт картон, не ги ставам рацете врз противник, особено во контранапад кога ме има поминато“, рече Киву.
По оваа победа, Интер останува убедлив лидер на табелата со осум бодови предност пред второпласираниот Милан, но и со натпревар повеќе од градскиот ривал.
„Се надевам дека овој натпревар ќе биде пресвртница за менталната, па дури и физичката блокада што ја имаше тимот. Не ми се допадна играта – немавме ниту свежина, ниту острина за да го реализираме тоа што го подготвивме и да го играме нашиот фудбал. На крајот ја прифаќам победата и се обидував да им кажам дека победиле во Дортмунд. Вечерва се чувствуваше нервозата кај тим што две години немаше победа во голем натпревар – тоа им тежеше. Треба да му оддадеме признание и на Јувентус, кои ни создадоа проблеми со своето движење, квалитет и стил на игра наметнат од Спалети. Тие се во добра форма и дури со десетмина играчи успеаја да израмнат. Кога поведовме со 2-1, требаше подобро да ја контролираме ситуацијата, се вовлече страв, но мило ми е што притискавме до крај и победивме со фантастичниот гол на Зиелински“, заклучи Киву.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Артета: Ова е огромна победа за Арсенал













