Досегашниот прв тренер на Кит Го, Трајче Сенев се повлече од клупата на второлигашот од Пехчево.
По двата порази од Саса во Македонска Каменица и последниот од Борец во Велес, Сенев се одлучи да си поднесе оставка на тренерската функција, како што вели, единствено во интерес на клубот за остварување на подобри резултати во натпреварите кои следуваат.
Сенев е еден од најзаслужните за досегашните резултати на екипата на Кит Го, водејќи го тимот од самите почетоци минувајќи од најниските домашни натпреварувања па се до експресниот влез во Втората лига. Под негово водство Кит-Го влезе во Втората лига – Исток без ниту еден пораз минатата година.
„Раководството на ФК Кит Го му се заблогодарува за досегашната соработка и му посакува многу успеси во понатамошната тренерска кариера. Наскоро ке биде и објавено името на новиот тренер кој ке го предводи тимот на Кит Го“ – информираат од канцеларијата на второлигашот од Пехчево.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski