Connect with us

Кирил Гогов: Моменталниот пласман на ФК Кит Го не е реална слика за квалитетите на тимот

ФК Кит Го во следните две кола, најпрво во сабота против Тиквеш и веднаш потоа на домашен терен против Борец се соочува со двете првопласирани екипи во Втората лига – Исток. Дефинитивно повеќе од сериозен предизвик за избраниците на Добринко Илиевски за потврда на квалитетите кои несомнено ги носи тимот од Пехчево.

Сопственикот на ФК Кит Го, Кирил Гогов верува дека тимот на вистински начин, во момент кој ќе ги израдува сите искрени поддржувачи на клубот, ќе го демонстрира сиот свој квалитет кој воопшто не кореспондира со моменталното место на првенствената табела.

„Сите во клубот, заедно и со играчите, во едно сме согласни дека местото на табелата на кое се наоѓаме во моментов не се поистоветува со квалитетот кој го поседуваме. Сега сме пред два натпревари против двете првопласирани екипи во првенството, па мислам дека е вистински момент да покажеме и докажеме дека ние како клуб сме далеку подобри од моменталниот пласман“ – вели Гогов.

Според првиот човек на Кит Го радува фактот што тимот под водството на новиот тренер се врати во посакуваниот победнички ритам…

„Мора да истакнам дека неочекуваниот пораз од Саса во првото пролетно коло ни ја разниша самодовербата. Во клубот се случија и промени во стручниот штаб. Со ангажманот на новиот шеф на стручниот штаб, Добринко Илиевски – Пижон успеавме брзо да се вратиме со посакуваните игри. Под негово водство тимот досега нема пораз, па сигурно согласно тоа и атмосферата во екипата е на највисоко ниво. Мислам дека овој период кој следи ќе ни биде од големо значење за подобро запознавање и воигрување на екипата за наредната сезона“ – истакнува Кирил Гогов.

За натпреварот со Тиквеш кој в сабота (27. април) се игра во Кавадарци…

„Очекувам добар натпревар против Тиквеш, со фер и коректна игра но и многу борбеност од двете страни. Ние како и на секој натпревар одиме на победа, па искрено се надевам дека ќе се радуваме на нова победа на нашата екипа“ – вели првиот човек на ФК Кит Го.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови