Крилниот играч на Баерн Минхен, Кингсли Коман, ја изразил својата желба да го напушти клубот ова лето, пренесуваат германските медиуми. Францускиот репрезентативец, кој има 28 години, е следен од клубови од Саудиска Арабија и од Премиер – лигата.
Очекувањата се дека претставници од арапските клубови наскоро ќе пристигнат во Минхен за да преговараат директно со раководството на Баерн и со играчот.
Арсенал е еден од најсериозните кандидати за ангажман на Кингсли Коман. Лондонскиот клуб првично беше заинтересиран за Лирој Сане, но Германецот е блиску до потпишување нов договор со Баерн Минхен и сака да остане на „Алијанц Арена“. Поради тоа, Арсенал го насочил интересот кон Коман.
Интерес за францускиот фудбалер покажува и Тотенхем, но високата плата на Коман претставува пречка за започнување конкретни преговори.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













