Одбранбениот фудбалер на Јувентус, Џорџо Киелини, ќе ја заврши кариерата на крајот од сезоната, открија медиумите на Апенините. 36 – годишниот дефанзивец одлучил да се повлече на крајот од оваа сезона и тоа наскоро јавно ќе го соопшти.
Киелини ќе остане во Јувентус, но со друга функција. По завршувањето на кариерата ќе добие место во раководството на најтрофејниот италијански клуб.
Киелини дојде во Јуве во далечната 2005 година. Кариерата ја почна во Ливорно. Беше член и на Рома и на Фиорентина, а во Јувентус пред 16 години. За „старата дама“ одигра 525 натпревари и постигна 36 голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Едерсон го „зацрни“ Фенербахче (ВИДЕО)













