Баерн Минхен брзо го остави зад себе ремито со Хајденхајм и елиминацијата од Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, враќајќи се на победничките патеки со минимален триумф од 0-1 на гостувањето кај Волфсбург.
Иако тимот на Вeнсaн Компани одамна ја обезбеди титулата во Бундес-лигата, баварците очигледно немаат намера да ја намалат динамиката во самиот финиш на сезоната. Баерн доминираше во поголемиот дел од натпреварот и лесно можеше да стигне до поубедлива победа, но недостигаше реализација.
Во центарот на вниманието повторно беше Хари Кејн, кој неочекувано промаши пенал во првото полувреме. Англичанецот досега имаше совршен учинок од белата точка во Бундеслигата, со 24 реализации од 24 обиди, но овојпат ја испрати топката високо над голот, иако голманот тргна во спротивна насока. Така, Кејн остана на бројката од 33 гола сезонава во германскиот шампионат.
Bayern 0 a 0
— VVV Specterzin (@SpecterLoLWR) May 9, 2026
Eu entro na transmissão, Olise mete um golaço
Bayern se quiser me contratar de amuleto da sorte manda DM, se eu tivesse aí ces tinham ganho do PSG pic.twitter.com/8Dfi2645eu
На паузата се замина без голови, но Баерн конечно го скрши отпорот на домаќините во 56. минута. Мajкл Олисе најдобро се снајде во нападот на гостите и го постигна единствениот погодок на натпреварот, доволен за 27. победа на шампионот оваа сезона.
Поразот дополнително ја искомпликува ситуацијата за Волфсбург во битката за опстанок. Во последното коло токму дуелот со Сент Паули ќе решава кој директно ќе испадне, а кој ќе добие шанса преку баражот, со оглед дека двата тима имаат по 26 бодови.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Интер се договори со голманот на Лацио
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













