Connect with us

Кејн: Против Хрватска почнува нашата вистинска работа

Капитенот на Англија, Хари Кејн, во пресрет на дуелот со Хрватска, упати голема почит кон својот прв противник на турнирот.

По долгогодишниот престој во Тотенхем, Кејн во 2023 година прејде во Баерн Минхен, каде конечно почна да освојува трофеи. Воедно, тој е втор најдобар стрелец во историјата на Премиер – лигата со 213 голови, веднаш зад Алан Ширер, кој има 260.

Кејн е и најдобар стрелец во историјата на англиската репрезентација со 79 погодоци. Со Англија беше финалист на две европски првенства, а сезонава блескаше во дресот на Баерн со 61 гол и седум асистенции на 51 натпревар.

По пристигнувањето на англиската репрезентација во базата во Канзас Сити, искусниот напаѓач порача:

„Тука започнува вистинската работа. Се надеваме дека ова ќе биде нашиот дом во следните шест недели и со нетрпение очекуваме турнирот да почне. Сега се подготвуваме за тежок прв натпревар. Хрватска е многу незгоден противник. На последните две Светски првенства покажаа дека можат да бидат меѓу најдобрите селекции на турнирот и мораме да бидеме подготвени за тоа.“

Хрватска навистина има импресивни резултати на последните мундијали. На Светското првенство 2022 го освои третото место, додека четири години претходно на Светското првенство 2018 стигна до историскиот сребрен медал.

Затоа, според Кејн, Англија ќе мора да биде на највисоко ниво уште од самиот старт на турнирот ако сака успешно да го започне походот кон долго посакуваната светска титула.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови