Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски, повика 27 фудбалери за претстојните пријателски натпревари против БиХ и Турција, нагласувајќи дека претстои период во кој ќе се тестираат нови имиња пред настапите во Лигата на нациите.
Селекторот истакна дека поради повреди, замор и крајот на сезоната, дел од играчите не биле во можност да се приклучат на националниот тим, па затоа шанса ќе добијат и фудбалери од домашното првенство.

„Нè очекуваат натпревари против две квалитетни селекции. Повикавме поширок список бидејќи имаме неколку отсуства, а ова е добра можност да провериме нови играчи. Сакам да видам како ќе се вклопат пред предизвиците што нè очекуваат во Лигата на нациите. Секој што игра добро во својот клуб ќе биде во конкуренција за репрезентацијата, а сите повикани ќе добијат можност да се докажат“, истакна Седлоски.
Македонија првиот контролен натпревар ќе го одигра на 29 мај во Сараево против фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“, додека вториот тест е закажан за 1 јуни во Истанбул против Турција на стадионот „Шукру Сараџоглу“ со почеток од 19:30 часот.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













