Иднината на Мо Салах сè уште е под голем знак прашалник, но Ливерпул е подготвен да продаде уште една голема ѕвезда – и тоа на Реал Мадрид.
Тоа би значело дека на „Енфилд“ практично би го „прифатиле поразот“, но и дека соништата на Чаби Алонсо би се оствариле кога станува збор за доведување на играчот од соништата во Реал Мадрид.
Салах го напушти Ливерпул поради настапите на Африканскиот куп на нации, а останува прашањето дали воопшто ќе се врати на „Енфилд“ или ќе биде продаден за време на јануарскиот преоден рок.
Иако Салах се поврзуваше со Реал, тешко е да се замисли дека токму тој би направил трансфер во Мадрид уште во јануари.
Како што пренесува „Дефенса Централ“, еден фудбалер на Ливерпул би требало да се пресели во Мадрид во 2026 година, а станува збор за Флоријан Вирц.
Медиумот кој внимателно ги следи случувањата во Реал Мадрид тврди дека Ливерпул попуштил и е подготвен да го продаде Вирц на „кралскиот клуб“ за 110 милиони евра.
Наводно, разочарувачките настапи на Вирц во дресот на Ливерпул, откако пристигна од Баер Леверкузен за 132 милиони евра, ги натерале челниците на клубот од „Енфилд“ сериозно да размислат за негова продажба.
Така, во Ливерпул веќе сакаат да се ослободат од германскиот фудбалер, а со раширени раце го чека токму Чаби Алонсо, кој во моментов е тренер на Реал Мадрид.
Алонсо се обиде да го донесе Вирц во Реал уште минатото лето, но трансферот не се реализираше бидејќи фудбалерот тогаш одлучи да се пресели во Ливерпул.
Шпанскиот стратег претходно соработуваше со Вирц во Баер Леверкузен, а двајцата заедно ја освоија титулата во Бундес-лигата во сезоната 2023/24.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













