Ќатип Османи се врати во македонскиот фудбал и го презеде шампионот Струга Трим Лум. Тој ќе ги предводи стружани во квалификациите за Лигата на шампионите.
Заедно со Османи доаѓа и неговиот асистент Башким Ливорека.
Искусниот стратег зад кого се неколку трофеи со Шкендија, вели дека не можел да ја одбие понудата од раководството на шампионот.
„По неколкудневни разговори со челниците на Струга Трим Лум, решив да кажам „да“. Тоа е екипа која веќе се докажа, посебно по двете шампионски титули. Причината поради која прифатив, морам да кажам, е пред сѐ сериозноста на раководството кон работата, клупските амбиции и професионалноста“, изјави Ќатип Османи.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













