Connect with us

Катар е резултатски најлошиот домаќин во историјата на СП

Фудбалерите на Холандија го совладаа Катар со 2-0 и се пласираа во осминафиналето како првопласирани во групата. Како второпласирани заедно со нив одат и Сенегалците, кои го победија Еквадор (2-1) во директната пресметка.


Со овој пораз селекцијата на Катар, која веќе загуби шанса да се пласира во нокаут фазата, стана првиот домаќин на Мундијалот кој ги загуби сите три натпревари.

Досега најлош домаќин на Мундијалот беше Јужна Африка, која исто така беше елиминирана во групната фаза во 2010 година. Тогаш Јужноафриканците беа елиминирани во група со Франција, Мексико и со Уругвај, но со четири освоени бода.

Катар групната фаза ја заврши со три порази од два разлика. Загуби од Еквадор (0-2), Сенегал (1-3) и Холандија (0-2).

Домаќини на СП
1930: Уругвај – шампион
1934: Италија – шампион
1938: Франција – елиминирана во четвртфиналето
1950: Бразил – вицешампион
1954: Швајцарија – елиминирана во четвртфиналето
1958: Шведска – вицешампион
1962: Чиле – трето место
1966: Англија – шампион
1970: Мексико – елиминиран во четвртфиналето
1974: Западна Германија – шампион
1978: Аргентина – шампион
1982: Шпанија – елиминирана во второто коло
1986: Мексико – елиминиран во четвртфиналето
1990: Италија – елиминирана во полуфиналето
1994: САД – елиминирани во осминафиналето
1998: Франција – шампион
2002: Јапонија – елиминирана во осминафиналето, Јужна Кореја – загуби во натпреварот за третото место
2006: Германија – трето место
2010: Јужна Африка – елиминирана во групната фаза
2014: Бразил – загуби во натпревар за третото место
2018: Русија – елиминирана во четвртфиналето
2022: Катар – елиминиран во групната фаза

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови