
Барселона и Интер одиграа еден од најдобрите двомечи во историјата на нокаут фазата од Лигата на шампионите. Двата натпревари завршија со идентичен резултат 3-3, а во продолженијата Интер успеа да постигне уште еден гол и да се пласира во финалето.
По натпреварот во фокусот беше и полскиот судија Шимон Марчињак.
Каталонските медиуми потсетуваат дека неговиот однос со Реал Мадрид е „пријателски“, а објавија и видео на кое во соблекувалната има торба со грб на кралскиот клуб.
Barca, Bayern, Atletico fans, let us start a petition against Marciniak. We all got robbed by him within a year because he works for Real Madrid. It would be nice if someone started some sort of petition, I‘ll be the first to sign it. pic.twitter.com/dFDkB0HFYu
— – (@MusialaEra) May 7, 2025
Марчињак досудил поништување на пенал за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, во осминафиналето на годинашната Лига на шампиони, во корист на Реал.
Шпанскиот медиум „Мундо Депортиво“, како и тренерот и играчите на Барселона, тврдат дека Марчињак судел во корист на Интер.
„Секогаш кога имаше спорна ситуација, Полјакот и неговите ВАР помошници пресудија во корист на Интер. Марчињак, кој има пријателско минато со Реал Мадрид, ѝ наштети на Барса со своите асистенти“, пишува „Мундо Депортиво“.
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, изјави по натпреварот дека Марчињак секоја спорна одлука ја пресудил во корист на Интер, а со него се согласија и играчите на Барса, Ињиго Мартинез и Педри.
Но, ништо нема да се промени – Интер ќе го игра финалето од Лигата на шампионите на 31 мај во Минхен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal