Легендарниот шпански голман Икер Касилјас влезе во правна битка со Порто, барајќи отштета од 3,7 милиони евра поради здравствените последици што ги претрпе по срцевиот удар во 2019 година.
Поранешниот чувар на мрежата на Реал Мадрид и шпанската репрезентација тврди дека инфарктот што го доживеал за време на тренинг во мај 2019 година бил предизвикан од прекумерни физички напори додека настапувал за португалскиот клуб. Според него, тој инцидент директно влијаел врз предвременото завршување на неговата богата фудбалска кариера.
На судското рочиште во Португалија, 45-годишниот Касилјас истакнал дека и денес се соочува со ограничувања во секојдневниот живот.
„Одам во теретана, играм падел, но не можам да трчам. Најмногу можам 20 до 50 метри, повеќе од тоа не успевам“, изјавил поранешниот голман.
Во тужбата се наведува дека тогашниот клупски лекар Нелсон Пуга уверувал дека здравствената состојба на Касилјас е стабилна и дека целосно ќе закрепне. Исто така, лекарот сметал дека физичките напори на тренингот немале врска со срцевиот удар.
Во меѓувреме, осигурителната компанија „Фиделидаде“ веќе му исплатила 1,5 милиони евра, што претставува максимална сума предвидена со полисата за несреќен случај. Од Порто, пак, нагласуваат дека за време на неговото закрепнување му ја исплаќале целосната плата, која надминувала еден милион евра годишно, сè до неговата одлука официјално да стави крај на кариерата.
Поради тоа, и клубот и осигурителната компанија одбиваат дополнителни исплати, додека конечната одлука сега е во рацете на португалскиот суд. Судските органи треба да утврдат дали Касилјас има право на надомест за трајна и целосна неспособност за вршење на својата професија, а евентуалната компензација би можела да достигне и до 2,5 милиони евра.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













