Connect with us

Кашемиро се претвори во голгетер во ФА купот (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед го победи Ридинг со 3-1 и се пласира во осминафиналето на ФА купот на Англија. „Ѓаволите“ во првиот дел не успеваа да најдат начин за да ја затресат противничката мрежа, а потоа на сцена стапи Кашемиро кој им покажа како треба на напаѓачите.

Бразилецот погоди во 54.минута за водство, а потоа уште еднаш се запиша меѓу стрелците само четири минути подоцна. Третиот гол на Јунајтед беше дело на Фред. Енди Керол доби црвен картон кај гостите, а единствениот гол за Ридинг го постигна Мбенге.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови