Претставници на Манчестер Јунајтед вчера одржаа разговори со агентите на Карлос Балеба. Тие дискутирале за должината на договорот и платата и сакаат сè да биде договорено пред да упатат официјална понуда до Брајтон.
Младиот 21-годишен фудбалер од Камерун, кој игра на повеќе позиции во средината на теренот, пристигна во Брајтон пред две години за 27 милиони евра од Лил.
Медиумите во Велика Британија пишуваат дека Брајтон е подготвен да го продаде за 120 милиони евра.
Балеба вчера не беше во составот на Брајтон за пријателскиот натпревар против Волфсбург, што е знак дека преговорите со Јунајтед напредуваат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Мбапе неизвесен за дуелот со Реал Сосиедад
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













