Во редовите на Атлетико Мадрид сè уште не можат да се помират со несреќната и необична елиминација од градскиот ривал Реал во осминафиналето на Лигата на шампионите, но елитното натпреварување продолжува без нив, а „кралскиот клуб“ ќе ја брани титулата.
Во четвртфиналето Реал Мадрид ќе се соочи со Арсенал, а тренерот Карло Анчелоти со новиот пласман меѓу осумте најдобри тимови во Европа продолжува да испишува фудбалска историја.
Италијанскиот стратег ќе го предводи својот тим во четвртфиналето на Лигата на шампионите по 15-ти пат во кариерата.
Со тоа, Анчелоти го престигна Пеп Гвардиола, со кого досега беше изедначен во овој параметар, а зад нив остануваат Алекс Фергусон (12), Жозе Мурињо (8), Диего Симеоне и Арсен Венгер (по 7), како и Јирген Клоп, Рафаел Бенитез, Луј ван Гал и Томас Тухел (по 6).
Анчелоти е рекордер во ова натпреварување и по бројот на титули, со пет освоени трофеи – три со Реал Мадрид и два со Милан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја оствари најубедливата победа во осмото коло откако со 6-0 го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга ТЛ)
Потсети дека некогаш беше и македонски репрезентативец. И сѐ уште има раскошен репертоар на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Дани Карвахал ќе потпише за Хетафе
Евро-фудбал
Рафиња потпишува нов договор со Барселона
Млади репрезентации
Младите фудбалери поразени од Шведска













