Мајкл Карик не го криеше воодушевувањето од одличниот старт како привремен менаџер на Манчестер Јунајтед по победата над Манчестер Сити со 2-0 во големото градско дерби во Премиер – лигата. Ова беше прв натпревар по неговото назначување до крајот на сезоната, откако Рубен Аморим беше отпуштен минатата недела.
„Ова е одличен почеток. Пред натпреварот, ние, тренерите, разговаравме и заклучивме дека момците се во добра форма. Бевме многу задоволни од тоа како се подготвивме за дуелот и од емоционалната состојба на играчите. Манчестер Сити е неверојатен тим со голем талент. Никогаш не се знае како ќе се развие натпреварот, но момците беа фантастични во многу аспекти“, изјави Мајкл Карик.
„Играчи излегоа од соблекувалната со огромнa желба да се покажат, а навивачите беа неверојатни. Реков дека ова може да биде магично место и се надевам дека е само почеток. Не се занесуваме, но мора да уживаме во чувството. Изгледавме опасно во текот на целиот меч. Постојат стандарди на кои мора да одговараме. Следната недела ни следува уште еден голем натпревар против Арсенал, но сега имаме добра основа на која можеме да градиме“, додаде менаџерот на Манчестер Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс во финишот ја шокираше Струга ТЛ
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)













