Connect with us

Карик: Не смееме да се занесуваме со третата позиција

Манчестер Јунајтед го продолжи својот подем под водство на Мајкл Карик, остварувајќи нов значаен триумф. „Црвените ѓаволи“ славеа со 2-1 против Кристал Палас и со оваа победа се искачија на третата позиција на табелата во Премиер – лигата.

Сепак, стратегот предупреди дека неговиот тим не смее да се занесува од моменталниот пласман, иако ги пофали играчите за карактерот и пресвртот што го направија.

„Разговаравме со момците на полувремето за ситуацијата во која се наоѓаме, како да реагираме и да покажеме индивидуалност и верба. Фудбалот понекогаш е тежок, а оваа лига е исклучително напорна, па не може секогаш сè да оди мазно. Но да се вратиме на ваков начин и да го свртиме мечот во наша корист е најважното нешто што го извлекувам од овој натпревар“, изјави Карик.

Тој посебно го истакна стрелецот на победничкиот гол, Бењамин Шешко.

„Многу сум среќен за Бен. Значително напредуваше и сè повеќе се вклопува во играта на овој клуб. Неговата желба за успех е огромна и вистинско задоволство е да се работи со него. Постигна фантастичен гол со глава, кој ќе му донесе дополнителна самодоверба“, додаде англискиот стратег.

Потоа се осврна и на искачувањето на тимот на третото место.

„Во моментов тоа не значи премногу. Убаво е, но сакаме да продолжиме да напредуваме. Примивме брз гол, но реагиравме правилно. Не смееме да се занесуваме“, смета Карик.

Пофалби доби и капитенот Бруно Фернандеш, кој реализираше од белата точка.

„Тој презема одговорност. Дин Хендерсон има одбрането многу пенали, па тоа беше интересен дуел. Бруно секогаш истапува во вакви моменти – тој не би направил поинаку“, истакна Карик.

На крајот, тренерот го пофали и колективот во целина.

„Понекогаш во натпреварите го добиваш тоа второ дишење – сум го почувствувал како играч. Момците се луѓе и секогаш работите не одат како што треба, но мислам дека го пронајдовме вистинскиот ритам. Игравме навистина добар фудбал“, заклучи Карик.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови