Менaџерот на Манчестер јунајтед, Мајкл Карик, го коментираше ремито 1-1 на гостувањето кај Вест Хем, во кое „црвените ѓаволи“ дојдоа до бод во судиското продолжение со голот на Бењамин Шешко.
„Игравме солидно, но малку разочарани, бидејќи не ја покажавме најдобрата верзија на која сме способни. Токму во такви моменти мораш да најдеш излез и да продолжиш напред. На овој стадион се игра тешко, а недостигаше доволно острина за да донесеме правилни одлуки. Сепак, повторно покажавме силен тимски дух“, рече Карик.
Тој го пофали и Шешко: „Постигна прекрасен гол, повторно покажа колку е важен за тимот. Многу сум среќен за него.“
„Со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме и времето колку работиме заедно, ремито не е лош резултат. Не беше лесно, но успеавме да го освоиме бодот што ни беше потребен“, заклучи Карик.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













