Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу е трансферна цел на Кардиф. Членот на Чемпионшип дивизијата е сериозно заинтересиран за ангажманот на дефанзивецот на Мол Фехервар и подготвен е да плати 2,5 милиони евра отштета за да го доведе ова лето. Сепак, унгарскиот клуб бара 4 милиони евра за да му дозволи на Муслиу да замине ова лето на Островот.
Висар Муслиу имаше забележителни настапи во дресот на Македонија на Европското првенство и му се допадна на менаџерот на Кардиф, Мик Меккарти. Тој инсистира раководството да го заокружи трансферот во наредните дваесетина дена.
Покрај Кардиф, за одличниот дефанзивец се интересира и италијанскиот калчолигаш Џенова. Горан Пандев секако има кажано убави зборови за Муслиу кај раководството на Џенова.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski