Трансферот на Јан Диоманде во Реал Мадрид засега е ставен на чекање поради правен спор меѓу две менаџерски агенции, случај што веќе е предмет на постапка пред ФИФА. Во конфликтот се вклучени „Максидел Менаџмент“ и „Рок Нејшн“, компанијата на познатиот рапер Џеј-Зи, која во моментов ги застапува интересите на младиот фудбалер.
Според информациите на „Марка“, „Максидел“ поднела жалба до ФИФА, тврдејќи дека е прекршен договорот што го имала со Диоманде. Агенцијата посредуваше при неговиот трансфер од Леганес во Лајпциг минатото лето, а сега смета дека Реал Мадрид требало да ги води преговорите преку нив, а не преку „Рок Нејшн“.
Спорот може да има сериозни последици, бидејќи ФИФА има право да го стопира издавањето на Меѓународниот трансфер сертификат (ИТС) сè додека не се расчисти случајот, што би ја одложило и официјалната регистрација на крилниот напаѓач.
Во Реал Мадрид нагласуваат дека не биле запознаени со проблемот и дека клубот нема никаква вина во целиот процес. На „Сантијаго Бернабеу“ се убедени дека трансферот ќе биде реализиран, а како привремено решение се разгледува можноста Диоманде да добие дозвола за настап додека трае постапката.
Во меѓувреме, сите останати детали од трансферот се веќе договорени. Реал и Лајпциг ги усогласиле финансиските услови, подготвена е целокупната документација, а договорот на фудбалерот со „кралскиот клуб“ е практично финализиран.
ФИФА веќе ја анализира жалбата, а светската куќа на фудбалот е позната по строгите правила кога станува збор за агентските права. Доколку утврди неправилности, може да ја одложи, па дури и да ја одбие регистрацијата на играчот, а клубовите што ќе исплатат провизија на погрешен агент ризикуваат и дисциплински санкции.
Во основата на спорот е неодамнешната промена на менаџерската агенција на Диоманде. Фудбалерот, кој долго време беше дел од „Максидел“, пред неколку месеци премина под закрила на „Рок Нејшн“, агенција со силно присуство во светскиот фудбал, особено во Бразил, каде што ги застапува и Винисиус Жуниор и Ендрик.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













