Пелистер е хит на пролетниот дел во Првата фудбалска лига. Три победи и едно реми со Вардар е билансот на тренерот Димитар Капинковски и неговиот тим. Тој е задоволен, но вели дека и во третиот круг Пелистер мора да продолжи во ист стил.
„Се потврди дека и дуелот со Борец беше неизвесен, со една голема тактичка борба. Имавме и малку среќа, да постигнеме погодок пред полувремето кој ни го отвори патот кон победата. Сега можеме помирно да влеземе во третиот круг од натпреварите во Првата лига и со нови квалитетни игри да се приклучиме кон горниот дел од табелата, да ги избегнеме позициите кои носат во баражот од борбата за опстанок“, изјави Димитар Капинковски.
Пелистер во првото коло од третиот круг, следниот викенд гостува кај лидерот Шкендија.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













