Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Милан, Јувентус, Рома, Фабио Капело, даде интересна анализа пред вечерашниот реванш меѓу Интер и Барселона во полуфиналето од Лигата на шампионите, кој следува по ремито 3-3 во првиот натпревар. Според него, Интер мора да избегне дефанзивен пристап – особено поради феноменот наречен Ламин Јамал.
„Ако Интер се затвори и игра дефанзивно, тоа ќе биде тактичко самоубиство. Играч како Јамал не смее да добие простор“, предупреди Капело.
Тој нагласи дека одговорноста е и кај средниот ред, особено кај Хакан Чалханоглу, кој според него најтешко се справувал со притисокот од Барса во првиот натпревар.
„Хакан, Барела и Мхитарјан мора да бидат побрзи и похрабри во одлуките – инаку ќе дозволат Барселона лесно да ја враќа топката и да доминира“, посочи легендарниот италијански стратег.
За Ламин Јамал, Капело рече:
„Не очекувајте да има трема – тоа момче игра подобро кога е најважно. Го видовме и на Европско првенство, и против Реал Мадрид.“
Капело заврши со совет до Инзаги: „Не се повторувајте со затворањето како против Баерн. Барселона знае тоа да го казни.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Интернационалци
Емотивно интервју: Стефан Ашковски за бегството од Иран (ВИДЕО)
Женски фудбал
Фудбалерките до 17 години поразени од Северна Ирска
Евро-фудбал
Клоп ќе биде тренер во Мадрид, ама не на Реал?!













