Уште само една недела до крајниот рок за поднесување кандидатура за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија кој ќе се избира на Редовното Собрание на ФФМ закажано за 17. март во Охрид.
Актуелниов период Општинските фудбалски сојузи финишираат со организацијата на сопствените собранија преку кои се остава простор за поднесување кандидатури за нов прв човек на ФФМ. Но, интересно досега до канцеларијата на ФФМ и Комисијата за избор и верификација не е пристигната ниту една кандидатура. А, последниот рок е 25. февруари.
Претходно свое учество во трката за претседател најавија Вујадин Станојковиќ и Влатко Костов. Но, фудбалската јавност веќе отворено шпекулира дека најсеризен кандидат за наследник на Илчо Ѓорѓиоски е актуелниот в.д претседател на ФФМ, Муамед Сејдини. Кандидатурата на Сејдини за предводник на федерацијата се очекува преку Собранието на ОФС Кичево кое треба да се одржи на 21. февруари.
Македонскиот фудбал точно седум месеци е без прв човек на ФФМ по оставката на Илчо Ѓорѓиоски поднесена на 19. јули минатата година.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski