Репрезентацијата на Узбекистан се најде во непријатна ситуација пред пријателскиот натпревар против Холандија во Њујорк, откако целата делегација беше подложена на строги безбедносни проверки при пристигнувањето на стадионот.
Според медиумските извештаи, сите фудбалери, членови на стручниот штаб, службените лица и придружниот персонал морале да минат низ детална контрола веднаш по излегувањето од автобусот пред стадионот „Икан“. Станува збор за процедура каква ретко се гледа пред пријателски натпревар.
Членовите на узбекистанската експедиција биле принудени да ги остават своите работи, по што еден по еден биле проверувани со детектори за метал. Во контролата биле користени и полициски кучиња, што предизвикало незадоволство кај делегацијата.
Особено внимание привлече моментот кога еден од обезбедувачите викнал кон член на тимската опрема: „Тргни се од торбите!“.
Why are athletes being treated this way?
— TobyWrites (@tobyasky) June 8, 2026
That’s Cannavaro ffs, these are professional footballers wtf man.
They’re being searched like thieves. They also select the countries they do this too. Are there videos os them doing this to the elite teams? pic.twitter.com/LU1O77LgES
Многумина ваквиот третман го оценија како понижувачки за една меѓународна спортска делегација, особено ако се има предвид дека стануваше збор за пријателски натпревар, а не за настан со висок безбедносен ризик.
Селекторот на Узбекистан, Фабио Канаваро, не го криеше своето незадоволство поради случувањата.
„Само нам ни го прават ова, прашајте ги зошто. Нѐ претресуваат како да сме криминалци“, изјави мундијалскиот победник со Италија, кој сега е на кормилото на Узбекистан.
Во извештаите се наведува дека постоел голем контраст во однос на пречекот на некои други репрезентации, кои биле дочекани со музика, танц и свечени церемонии, додека Узбекистан најпрво морал да помине низ строга безбедносна процедура.
Слично искуство, според истите извори, имала и репрезентацијата на Сенегал, која по пристигнувањето исто така била подложена на детални проверки во услови на високи температури и засилено обезбедување.
На теренот, Узбекистан загуби од Холандија со 2-1. Тоа беше втор последователен подготвителен натпревар без победа за селекцијата, која се подготвува за својот историски прв настап на Светско првенство, откако претходно беше поразена и од Канада со 2-0.
На Мундијалот, Узбекистан ќе настапи во групата К, каде за ривали ќе ги има селекциите на Колумбија, Португалија и Демократска Република Конго.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













