Connect with us

Канатларовски: Се надевам дека новата генерација ќе има поголеми успеси

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година по одиграните јунски натпревари од квалификациите ја очекуваат два контролни дуели против селекцијата на Босна и Херцеговина.
Првиот контролен меч овие две селекции ќе го одиграат на 10. јуни на стадионот „Ѓорче Петров” со почеток од 17 часот, а втората контролна средба е закажана за 12. јуни на тренинг центарот „Петар Милошевски” со почеток од 17 часот.


Селекторот Драги Канатларовски, за претстојните натпревари со БиХ ги повика фудбалеритe кои ќе имаат право за настап во следниот квалификациски циклус што почнува во март.

„Имаме нова генерација на млади фудбалери која поседува квалитет, почнуваме да ја подготвуваме за следниот квалификациски циклус што почнува во март. Треба да извлечеме голема поука од претходниот циклус. Да корегираме се што беше негативно, а позитивните работи да ги прифатиме и да продолжиме со напорната работа. Се надевам дека новата генерација ќе има поголем успех од претходната, повеќето фудбалери ги имаат поминати сите млади селекции на Македонија, се познаваат, што е добар знак пред почетокот на квалификацискиот циклус. Од старт почнуваме заедно, се надевам дека ќе имаме успешни квалификации”, изјави Канатларовски.

Повикани се следните фудбалери:

Голмани: Марко Алчевски (Борец), Иван Николовски (Беласица), Стефан Митрев (Академија Пандев)
Одбрана: Антонио Јанкуловски (Вастра Фролунда, Шведска), Анатолиј Петејчук (Победа), Аган Мјаки (Гронинген, Холандија), Мартин Величковиќ Радуловиќ (Слован Братислава, Словачка), Виктор Крстевски (Гостивар), Андреј Стојчевски (Жилина), Имран Фетаи (Гостивар), Кристијан Тасевски (Аугзбург, Германија), Стефан Деспотовски;

Среден ред: Алекс Златков (Триглав Крањ), Димитар Тодоровски (Работнички), Иван Николов (Вардар), Александар Коцев (Брегалница), Лука Станковски (Газиантеп), Берат Калкан (Касимпаша, Турција), Бехар Фета (Воска), Данаил Тасев (Тиквеш), Дашмир Елези (Шкендија);

Напад: Луан Абази (Вил, Швајцарија), Арда Окан Куртулан (Фенербахче, Турција), Методи Максимов (Работнички), Марио Илиевски (Септември, Бугарија);

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови