Connect with us

Канатларовски повика 25 фудбалери за пријателските мечеви со Ерменија и со Малта

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година во средината на јуни во Скопје ќе одигра два контролни натпревари против селекциите на Ерменија и на Малта. Двете пријателски средби, избраниците на селекторот Драги Канатларовски ќе ги одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски”.


Првиот контролен меч против селекцијата на Ерменија е закажан на 15. јуни, а пет дена подоцна е втората контролна пресметка против репрезентацијата на Малта.

„Повикани се играчите кои во последната година со својата професионалност,одлучност и голема желба за борба и докажување се наметнаа во оваа генерација на Македонија.

Во составот се враќаат Алекс Златков од Шкупи и Луан Абази од Вил, кои поради повреди во своите клубови на минатиот собир не беа во можност да се стават на располагање на репрезентацијата.

Димитар Трајков, фудбалерот на Академија Пандев, роден 2004 година со своите игри во последно време на клупско ниво и постигнатите 6 погодоци заслужи да биде повикан на овие два контролни натпревари против Ерменија и Малта. Се работи за фудбалер кој игра на крилната позиција и покажува одличен квалитет.

Очекувам сериозен пристап од моите фудбалери, иако се работи за пријателски натпревари. Ова се последни подготовки, очекувам сите поставени задачи од мене и стручниот тим да бидат исполните, особено во тактичкиот дел од играта“, изјави селекторот на младата фудбалска репрезентација до 21 година, Драган Канатларовски.

Тој повика вкупно 25 фудбалери:

Голмани: Марко Алчевски (Академија Пандев), Иван Николоски (Беласица), Васко Василев (Рио Аве, Португалија), Стефан Тасев (Македонија Ѓ.П.);

Одбрана: Марио Ричков (Шкупи), Стефан Деспотовски (Работнички), Андреј Стојчевски (Жилина, Словачка), Имран Фетаи (Гостивар), Решат Рамадани (Динамо Киев, Украина), Виктор Крстевски (Гостивар), Методи Максимов (Шкендија), Михаил Димитриевски (Брегалница);

Среден ред: Мартин Талаков (Подбрезова, Словачка), Иван Николов (Брегалница), Хамза Рамани (Силекс), Алекс Златков (Шкупи), Димитар Тодоровски (Работнички), Димитар Трајков (Академија Пандев), Ване Крстевски (Академија Пандев), Берат Калкан (Касимпаша), Бехар Фета (Воска Спорт), Матеј Ангелов (Работнички);

Напад: Марио Илиевски (Кишварда, Унгарија), Христијан Малески (Струга Трим Лум), Луан Абази (Вил, Швајцарија);

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови