Connect with us

Камавинга дебитираше со гол, „кралевите“ је декласираа Селта (ВИДЕО)

Реал Мадрид се врати на „Сантијаго Бернабеу“, се мачеше едно полувреме, но потоа ја декласира Селта со 5-2. Новото засилување, Едуардо Камавинга дебитираше со гол, а Карим Бензема постигна хет – трик.

Санти во четвртата минута донесе предност за Селта, а дваесет минути подоцна израмни Бензема. Сепак, Франко Черви се потруди Селта да замине со позитива на одморот (1-2).

Бензема израмни со удар со глава на самиот старт на второто полувреме, а потоа имаше асистенција до Винисиус Жуниор за пресврт. Камавинга во 72.минута го постигна првиот гол за „кралевите“ во својот деби настап, а Бензема од пенал стави крај на експлозијата во второто полувреме.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови