Connect with us

Калјари ја победи Аталанта во Бергамо

Нов проблем за Аталанта во Серија А. Тимот од Бергамо претрпе пораз од 1-2 на домашен терен против Калјари и остана без бодови во четвртото коло.

Гостите уште од стартот покажаа дека дошле по позитивен резултат, а притисокот го крунисаа со гол во 19. минута. Пјерлуиџи Менди ја погоди мрежата за водство на Калјари од 0-1.

Аталанта не дозволи негативата долго да трае. Џанлука Скамака во 41. минута го израмни резултатот и пред паузата повторно го врати својот тим во игра.

Но, во вториот дел Калјари повторно најде начин да стигне до предност. Даниел Малдини во 61. минута беше сигурен реализатор од пенал за 1-2.

Домаќинот во продолжението се обиде да стигне до второ израмнување, но нападите не вродија со плод. Аталанта остана без бодови, а Ељиф Елмас повторно не доби шанса – македонскиот репрезентативец целиот натпревар го помина на клупата.

За Аталанта ова е втор пораз во низа, што е јасен знак дека тимот влегува во резултатска криза. Калјари, пак, продолжува со фантастичната форма.

Клубот од Сардинија стигна до третата победа во првите четири кола и се искачи високо на табелата, потврдувајќи дека одличниот старт не е случајност.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови