Капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми, заработил повреда поради која предвреме го напушти натпреварот против Тотенхем во Лондон во осминафиналето од Лигата на Европа. Тој во 90.минута беше заменет од Бартол Фрањиќ затоа што тренерот Зоран Мамиќ не сакаше ни момент да ризикува со евентуално влошување на повредата.
Во текот на денешниот ден Аријан Адеми треба да ги мине деталните лекарски прегледи по што ќе биде познато за каква повреда станува збор и колкаво би било евентуалното отсуство од фудбалските терени. Доколку се работи за удар, се очекува Адеми брзо да се опорави, но доколку повредата е мускулно истегнување, тогаш би можел да го пропушти реваншот со Динамо Загреб, но и настапите со Македонија во квалификакциите за СП.
Фудбалската репрезентација на Македонија собирот ќе го има на 21.март, а во наредните десетина дена ќе одигра три квалификациски мечеви за СП против Романија, Лихтенштајн и против Германија.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski