Ленарт Карл, 18-годишниот талент на Баерн Минхен, доживеа голем удар непосредно пред почетокот на Светското првенство.
По одличната сезона, тој успеа да избори место меѓу 26-те фудбалери кои селекторот Јулијан Нагелсман ги повика за настап на Мундијалот, но сепак нема да заигра на турнирот.
Сонот на младиот фудбалер се урна на вчерашниот тренинг во Чикаго. Карл се повреди, а првичните информации укажуваат на кинење на мускулни влакна на бутот, поради што ќе мора да го пропушти големото натпреварување.
Според најавите, Карл веднаш ќе се врати во Германија, а неговото место во репрезентацијата ќе го заземе 20-годишниот играч за врска на Лајпциг, Асан Уедраого.
Повикот го затекнал Уедраого на одмор во Шпанија. Нагелсман практично го повикал директно од плажа и му ја дал шансата за која, според околностите, веројатно не ни сонувал.
Уедраого важи за еден од најталентираните млади германски фудбалери. Поминал низ младинските категории на Шалке 04, а од 2024 година е член на Лајпциг. Сепак, во изминатата сезона не беше стандарден првотимец, па неговиот дополнителен повик за Светското првенство изненади многумина.
Во текот на сезоната имаше проблеми со повреди и само двапати одигра цел натпревар. Вкупно запиша 20 настапи со ефект од четири гола и четири асистенции.
Уедраого веќе денеска треба да отпатува во САД и да ѝ се приклучи на германската репрезентација пред стартот на Мундијалот. Така, неочекуваниот развој на настаните му ги отвори вратите кон најголемата фудбалска сцена.
Младиот играч за врска досега има еден настап за сениорската репрезентација на Германија. Дебитираше во ноември минатата година против Словачка и веднаш постигна гол, иако на теренот помина само 13 минути.
Станува збор за фудбалер кој може да покрие повеќе позиции во средниот ред. Во Шалке играше како класична „осумка“, но и како поофанзивен играч за врска, додека во Лајпциг често беше користен во улога на фудбалер што ги поврзува линиите на тимот.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













