Connect with us

Каи Хаверц доаѓа во Реал до крајот на неделата, но тој нема да биде замената за Бензема

Реал Мадрид започна тотална реконструкција, а според денешните најави првото засилување ќе биде Каи Хаверц. Реномираниот „Билд“ тврди дека зделката наскоро ќе биде комплетирана, Реал Мадрид ќе плати 60 милиони евра, а Челси ќе го пушти Германецот кој не ги оправда очекувањата на „Стемфорд бриџ“.


Хаверц е по вкусот на Флорентино Перез и на Карло Анчелоти, а го гледаат како идеално засилување во нападот, иако не на позицијата „деветка“ наместо Карим Бензема, бидејќи се очекува негова замена да биде Хари Кејн.

Таа операција ќе биде многу потешка, бидејќи Даниел Леви ќе биде построг преговарач, додека Челси е принуден да продава откако минатата сезона вложи над 600 милиони евра.

Шпанските медиуми додаваат дека Перез летово ќе потроши меѓу 350 и 400 милиони евра за целосна реконструкција. Со останатите пари се очекува да бидат доведени Хари Кејн, Џуд Белингем, а секако и засилувања во одбраната, поточно на бековските позиции.

Фран Гарсија пристигнува како нов лев бек за само пет милиони, додека се споменува дека Павар би можел да ја зголеми конкуренцијата меѓу стоперите и кај Дани Карвахал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови