Connect with us

Јувентус тргнува по потписот на Џошуа Зиркзе

Јувентус не се откажува од намерата дополнително да го засили нападот, и покрај тоа што ова лето веќе донесе три офанзивни засилувања, Следна цел на торинскиот гигант е напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Џошуа Зиркзе, пренесуваат италијанските медиуми.

„Црвените ѓаволи“ се подготвени да се разделат со холандскиот репрезентативец, а покрај целосен трансфер, би прифатиле и позајмица со задолжителен откуп на договорот.

Во меѓувреме, Јувентус интензивно преговара со претставниците на Зиркзе, кој е заинтересиран повторно да заигра во Серија А. Торинскиот клуб одамна го следи неговиот развој, а интересот дополнително се зголемил по доаѓањето на новиот спортски директор Масара. Тој е долгогодишен обожавател на квалитетите на Зиркзе и претходно се обиде да го доведе и во Рома.

Поради тоа, трансферот на Марко Пелегрино од Парма засега е ставен во втор план, додека Јувентус ги насочува сите напори кон ангажман на напаѓачот на Манчестер Јунајтед.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови