Јувентус продолжува да бара засилување за средниот ред, а едно од главните имиња на листата на „старата дама“ е искусниот Франк Кеси.
Според информациите на „Кориере дело Спорт“, италијанскиот гигант е подготвен да му понуди тригодишен договор на репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, со годишна плата од околу 4,5 милиони евра.
Во Торино веруваат дека Кеси со своето искуство, физичката сила и техничките квалитети би бил значајно засилување за средниот ред. Неговото ангажирање би требало да му помогне на тренерот да состави покомпактен и поизбалансиран тим за новата сезона.
Сепак, засега постои една голема пречка, самиот фудбалер сè уште нема донесено конечна одлука за евентуално враќање во Серија А.
Франк Кеси моментно настапува за Ал-Ахли во Саудиска Арабија, каде што во сезоната 2025/26 запиша 26 настапи, пет гола и три асистенции.
Додека се обидува да го убеди искусниот играч, Јувентус паралелно разгледува и помлада опција.
Истиот извор наведува дека во плановите на клубот се наоѓа и 19-годишниот Бразилец Андре од Коринтијанс. Тој е еден од талентите кои „старата дама“ ги следи како потенцијално долгорочно решение за средниот ред.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal













