Јувентус важеше за голем фаворит на дуелот со Калјари, но очекувањата не се остварија, откако „старата дама“ претрпе минимален пораз од 1-0 на гостувањето во Сардинија.
Средбата започна со спорна ситуација, кога судијата Давиде Маса досуди пенал, но по ВАР-интервенција ја поништи одлуката бидејќи беше утврдено дека Мацители не направил прекршок врз Мирети. Токму Мирети подоцна имаше уште една добра можност за погодок, но голманот Каприле со сигурна интервенција најави дека ќе биде една од клучните фигури на натпреварот.
Во продолжението Калјари покажа поголема конкретност и прв сериозно се закани преку Еспозито, додека на спротивната страна Камбијасо се обиде, но без успех. Јувентус имаше свои шанси преку Јилдиз и повторно Мирети, но расположениот Каприле и понатаму беше несовладлив. Наградата за поофанзивната игра на домаќините стигна во второто полувреме.
Во 65. минута, по прекин, Гаетано упати прецизен центаршут, а Лука Мацители се снајде најдобро во шеснаесетникот и со удар во долниот десен агол го постигна единствениот и решавачки погодок за 1-0. До крајот Јувентус тргна по израмнување и создаде неколку можности, но најдобрата ја пропушти Јилдиз во 80. минута, по што резултатот остана непроменет.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс во финишот ја шокираше Струга ТЛ
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)













