Connect with us

Јувентус сака да го врати Тијани Рејндерс во Италија

Јувентус продолжува активно да работи на засилувањата во летниот преоден рок. По завршувањето на трансферот на босанскиот репрезентативец Керим Алајбеговиќ, торинскиот клуб сега го насочи вниманието кон играчот за врска на Манчестер Сити, Тијани Рејндерс.

Според информациите на италијанскиот весник „Ла Стампа“, „старата дама“ повторно го активирала интересот за холандскиот репрезентативец и веќе остварила први контакти со Манчестер Сити околу можноста Рејндерс да пристигне во Торино на едногодишна позајмица.

Преговорите се сè уште во рана фаза, но се очекува во следните денови да има поголема активност и интензивирање на разговорите меѓу двата клуба.

Во Јувентус сметаат дека Рејндерс би бил големо засилување за средниот ред и важен дел од тимот во новата сезона. Новиот тренер Лучијано Спалети сака да ја зголеми конкуренцијата и квалитетот во составот, а профилот на холандскиот фудбалер целосно се вклопува во неговите планови.

Рејндерс пристигна во Манчестер Сити со големи очекувања и неговата техничка способност, играта во два правци и креативноста го прават интересна опција за Јувентус, кој бара дополнителна свежина и квалитет во средината на теренот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови