Јувентус постави нов, иако непосакуван рекорд во италијанското првенство. „Бјанконерите“ станаа првиот тим во историјата на Серија А кој загуби натпревар, иако ја поседувал топката во 78% од времето.
Според статистичкиот гигант „Опта“, откако се собираат детални податоци (сезона 2004/05), ниту еден друг тим не претрпел пораз со толкава територијално надмоќ. Историскиот куриозитет се случи при поразот на Јувентус со 0-1 како гостин на Калјари.
Статистиката од натпреварот е неверојатна и ја илустрира целосната неефикасност на составот на Јувентус. Освен што гостите поседуваа 78% од топката, тимот на Јувентус упати 20 удари, додека домаќините само три, од кои два беа непрецизни.
Домаќините од Сардинија успеаја да ја извојуваат победата со единствениот прецизен удар во мечот – волејоѕ на Лука Мацители. Во меѓувреме, Јувентус имаше пет удари во рамки на голот, но ниту еден не заврши во мрежата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар и заедно со лидерот Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга Трим Лум)
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар (0-1) во Скопје и ја продолжува...
Автор makfudbal













