Италијанскиот првак Јувентус сака да ја засили навалната линија со напаѓачот на Аталанта, Дуван Запата. Тренерот Андреа Пирло го посакуваше одличниот голгетер и во зимскиот преоден рок, но, сепак, раководството на клубот одлучи да ја остави зделката за реализација по завршувањето на оваа сезона.
Запата е договорен со Јувентус за личните услови и останува да биде постигнат договор меѓу двата клуба. „Старата дама“ нуди 60 милиони евра и се очекува тоа да биде доволно за напаѓачот на Аталанта да се пресели во Торино по завршувањето на сезоната.
Од Аталанта зимава замина Папу Гомез, а и Јосип Иличиќ е бесен на тренерот Џанпјеро Гасперини откако на мечот против Реал Мадрид го внесе во игра во 56.минута, а го повлече повторно пред крајот на мечот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Интер Мајами го доведе Серхио Регилон
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













