Connect with us

Јувентус на лето ќе се обиде да го доведе Антонио Рудигер

Антонио Рудигер, централниот дефанзивец кој за два месеци ќе наполни 33 години, би можел да ја следи судбината на други играчи на Реал Мадрид, како Серхио Рамос, Лукас Васкез и Начо. Со договор што важи до 30 јуни 2026 година, Германецот сѐ уште не бил повикан на разговори за продолжување на соработката, па не е исклучено летово да го напушти „Сантијаго Бернабеу“.


Тоа веќе го привлече вниманието на сериозни европски клубови, а прв во редот е италијанскиот гигант Јувентус.

Во својата четврта сезона во Реал Мадрид, Антонио Ридигер освои осум трофеи со „кралскиот клуб“, меѓу кои титулата во Ла Лига и трофејот во Лигата на шампионите (има уште еден трофеј освоен со Челси). Репрезентативецот на Германија со 81 настап и три гола, на 1 јануари влегува во последните шест месеци од договорот потпишан летото 2022 година, кога пристигна како слободен играч од Челси.


Шпанските медиуми пишуваат дека германскиот стопер, кој на 3 март ќе наполни 33 години, сè уште не добил повик на преговори од претседателот Флорентино Перез за продолжување на договорот, ситуација која важи и за Дани Карвахал, кој на 11 јануари полни 34 години.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови