Роберт Левандовски наводно ќе ја напушти Барселона на крајот од сезоната и ќе ја продолжи кариерата во друг клуб. Најголем интерес за неговиот потпис покажува Јувентус, бидејќи тренерот Лучијано Спалети сака нов напаѓач уште од јануари.
Во зимскиот преоден рок се воделе преговори и за Рандал Коло Муани, Мауро Икарди и Јусеф Ен-Несири, но ниту еден од нив не пристигна во клубот.
Според „Тутоспорт“, Левандовски е прва желба на Јувентус за ова лето, особено затоа што неговиот договор со Барселона влегува во завршна фаза, а преговорите за продолжување се стопирани.
Неговиот агент веќе разгледува нови опции, а покрај интересот од Саудиска Арабија, постои и понуда од САД, поточно од Чикаго Фајер, која нуди договор вреден околу 20 милиони евра годишно.
Сепак, полскиот напаѓач наводно сака да остане во европскиот фудбал.
Покрај Јувентус, интерес покажува и Милан, но „старата дама“ засега важи за поблиску до негов потпис.
Јувентус му нуди договор од една година вреден околу 6 милиони евра, плус бонуси, а понудата веќе е на маса.
Доколку Левандовски ја одбие, клубот веднаш ќе се насочи кон алтернативи како Коло Муани, Џошуа Зиркзе и Дарвин Нуњез.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













